„Моќта заедно со славата,
останува да биде највисока цел
и најголема награда за човештвото“
Но, што е тоа моќ?
Џон Галбрајт, американски мислител, зборува за сличните, но различни употреби на зборот `моќ`:
- премиерите и претседателите – ја имаат или ја немаат во доволно количество
- политичарите – ја зголемуваат или ја губат
- корпорациите и синдикатите – се моќни или опасно моќни
- медиумите – имаат моќ
- поединци имаат моќен глас
Но, што е тоа моќ?
Најзадоволувачката дефиниција ја кажал германскиот политиколог и социолог, Макс Вебер (1864 – 1920), а таа гласи: „Моќта е можност да се наметне својата волја врз однесувањето на другите лица.“
Она што е карактеристично за сите случаи на наметнување на својата волја и постигнување на покорност од другите, содржи употреба на физичка казна, ветување на парична награда, убедување и слично, вели Галбрајт. Кога се знае изворот на моќта, лесно е да се утврди која тактика е применета. Но, кој му дава право некому да владее, и зошто другите се доведуваат самите себеси во позиција на владеани? На ова ќе си одговорите откако ќе сфатите - што е тоа моќ.
