Јас го ставам овој пост под категорија `филозофија` бидејќи е `филозофија` на живеењето. Обидите за светски заговори, како што ги викаме популарно, или за заговор на одредена група на луѓе врз поголем дел од популацијата на одредена држава или одреден дел од земјинава топка, не се измислица на некои неуспешни индивидуи, кои својот неуспех си го правдаат со `сите се против мене`.
Кога станува збор за `сите се против мене`, тој што мисли така треба да се лечи (погледнете ги ликовите што ги објаснува Нено Богдан), а кога станува збор за `тие и тие ги измешаа прстите во ова и ова`, најчесто постои судир на интереси, но и два вида на резултат: успешно и неуспешно изведен заговор.
Во природа на луѓето им е да се групираат. Моќните се групираат во посебни организации, најчесто од таен карактер. Тајни редови. Денес ги има многу на број, но не се сите успешни на глобално ниво. Но, кога велам моќните, не мислам само на парајлиите. Моќни се оние кои знаат како да ги искористат предностите и моќта која ни ја дава универзумот. Парите си доаѓаат отпосле како природна последица. Смешно е да се помисли дека сè што намислиле и спровеле во дело, ама голем дел од поновата историја (за која знаеме) ја креирале по свој терк.
Потоа - тие тајни редови не се секогаш против сите, туку делуваат според тоа како го сфаќаат светот. А го сфаќаат многу поразлично од масата народ. За некои од нив не е грев да се жртвуваат голем број на луѓе за да се спроведе нешто во пракса.
И на крај овде спаѓаат и повеќето хумани `јавни организации`. Што е тоа хуманост? Кои се тие хуманитарни групи? Тоа се луѓе на кои им е потребна вашата несреќа за тие да бидат среќни и исполнети. Какви ли се тие луѓе на кои им потребна туѓата несреќа за да се чувствуваат корисни? Тие не сакаат да ви понудат решение за вашата беда, сиромаштија, несреќа, што и да е, туку само ја одржуваат таа ситуација актуелна за да се чувствуваат убаво. Нивната дејност се коси со советот на човекот што беше распнат на крст: „Кога даваш со едната рака, другата да не знае што правиш.“ Ете, тоа е вистинска хуманост. Затоа, тој што се фали со својата хуманост – не е хуман, туку е себичен и зависен од туѓата несреќа.
