Ова е приказна за човек кој пател од длабока меланхолија. Одел кај најдобрите лекари и ниеден не успеал да му помогне. Конечно стигнал до врвниот лекар, исцелителот на душата. Тој му рекол дека може да најде утеха во љубовта и така конечно да се ослободи од меланхолијата. Човекот му одговорил дека љубовта не е за него проблем, затоа што е сакан како можеби никој друг на овој свет.
Лекарот тогаш му предложил да тргне на долго патување и да ги посети другите краишта на светот. Човекот му одговорил дека без претерување, тој навистина го посетил секое катче на оваа земја. Тогаш лекарот му предложил да се занимава со некое хоби како на пример уметност, спорт или нешто слично. Човекот на секој предлог од лекарот одговарал на ист начин: дека веќе се обидел со тоа, но дека не му помага. Тогаш лекарот се посмневал дека човекот е неизлечив лажго. Не би можел да го помине сето тоа што го кажува. Но, бидејќи бил добар исцелител, не се откажал.
“Ах!”, воскликнал. “Се сетив што би можело да биде решение за вас, господине. Морате да појдете на претставата на нашиот најголем жив комичар. Тој толку ќе ве восхити што потполно ќе заборавите на меланхолијата. Морате да појдете на претставата на Големиот Гарик!”
Тогаш човекот го погледнал лекарот со најтажниот поглед кој може да се замисли, и му одговорил: “Докторе, ако тоа е вашата последна препорака, тогаш за мене нема спас, нема лек. Јас сум Големиот Гарик.”
