Tuesday, March 27, 2012

ДРУГАРИ, ВЕРНИ ДРУГАРИ

другари, верни другари

Me and you is friends.
You smile, I smile.
You hurt, I hurt.
You cry, I cry.
You jump off a bridge, I gonna miss you.


ХРИСТИЈАНИТЕ НА ЛАВОВИТЕ

Низ целиот амфитеатар се разнесе шепотот:
– Христијаните! Христијаните!
Железните решетки зачкрипеа. Арената наеднаш се исполни со некакви шумски богови покриени со кожи. Сите одеа брзо, како во некаков транс, дојдоа до средината, се удираа еден во друг и ги кренаа рацете. Се зачу викање: “Ѕверовите! Ѕверовите!”

Наеднаш се случи нешто неочекувано. Од средината на влакнестата толпа се слушнаа пејачки гласови, и веднаш потоа се слушна песна која никогаш не беше чуена во римскиот циркус:
“Христос регнат! (Христос царува) …”
Гледачите беа зачудени. Осудените пееја со очите свртени кон небото. Нивните лица беа бледи, но како нешто да ги инспирираше. Тогаш сите сфатија дека овие луѓе не бараат милост, туку дека не го гледаат ни циркусот, ни сцената, дури ни Нерон. “Христос регнат!” – ечеше сè посилно.

Насекаде по клупите гледачите се прашуваа: “Што е ова? Кој е тој Христос што царува во устата на овие што умираат?” Тогаш ја отворија другата врата, а лавовите излегуваа на арената еден по еден, со кафеави гриви и со големите глави. Рикањето го исполни целиот амфитеатар. Христијаните ја завршија песната и клекнати останаа неподвижни, па така скаменети повторуваа само едно тажно: “За Христос! За Христос!”

п.с. извадок од романот "Quo vadis"

ДРУГАРСТВО

Седам така пред некој ден во Џубокс, и ги гледам фаците што влегуваат. Ај што сите како со ист автобус да доаѓаат, нагрнуваат во исто време, туку и сè сами женски. Седиме со другарка ми Цаца, и муабетиме дека фраериве станаа дефицитна роба во градов. Побрзо ќе најдеш чиста дрога, отколку доволно нормален фраер.

Па се сетив на минатата зима, кога другар ми Перо Педерот ми пријде на маса за да се запознае со дечкото кој ме забавуваше таа вечер. Јас си помислив дека тој се секира каде ќе ме `утопи` мене како другарка, а тој не го носел прекарот за џабе. Овој мојов топук што седеше цела вечер со мене, си замина со него!

И кога почнав да трепкам со очите и да се вртам во чудо, дојде Цаца и ми рече: "Од кога ти викам дека не постои другарство меѓу спротивни полови! Гледаш сега?"

Не ми остануваше друго освен да се согласам со неа, иако првобитно тоа го сфаќав дека ете другар ми може да ми се додворува, а не дека ќе ми го ќари потенцијалниот дечко.

* * *

Седам така во Џубокс, ги гледам фаците што влегуваат, и почнувам да го разбирам Елтон Џон кога вели: "Си имам и дечко и девојка. Тоа е права ствар, не може и двајцата да ме откачат во иста вечер, башка имам дупли избор."

КРАТКА ПРИКАЗНА од Денис Вејтли

Ова е приказна за четворица луѓе кои се викаат: Секој, Некој, Било кој и Никој.
Требаше да се заврши една многу важна работа, и Секој беше сигурен дека Некој ќе ја заврши работата.
Било кој можеше да ја заврши работата, но Никој не ја ни започна.
Некој беше налутен заради ова, затоа што тоа беше работа на Било кој.
Секој си мислеше дека Било кој може да ја сработи работата, но Никој не сфати дека Секој не сака да помогне.
Приказната завршува со тоа што Секој го обвини Некој кога Никој не го направи она што Било кој можеше да го направи.

(Denis Waitley)


МЕЛАНХОЛИЈА

Ова е приказна за човек кој пател од длабока меланхолија. Одел кај најдобрите лекари и ниеден не успеал да му помогне. Конечно стигнал до врвниот лекар, исцелителот на душата. Тој му рекол дека може да најде утеха во љубовта и така конечно да се ослободи од меланхолијата. Човекот му одговорил дека љубовта не е за него проблем, затоа што е сакан како можеби никој друг на овој свет.
Лекарот тогаш му предложил да тргне на долго патување и да ги посети другите краишта на светот. Човекот му одговорил дека без претерување, тој навистина го посетил секое катче на оваа земја. Тогаш лекарот му предложил да се занимава со некое хоби како на пример уметност, спорт или нешто слично. Човекот на секој предлог од лекарот одговарал на ист начин: дека веќе се обидел со тоа, но дека не му помага.
Тогаш лекарот се посмневал дека човекот е неизлечив лажго. Не би можел да го помине сето тоа што го кажува. Но, бидејќи бил добар исцелител, не се откажал.
“Ах!”, воскликнал. “Се сетив што би можело да биде решение за вас, господине. Морате да појдете на претставата на нашиот најголем жив комичар. Тој толку ќе ве восхити што потполно ќе заборавите на меланхолијата. Морате да појдете на претставата на Големиот Гарик!”
Тогаш човекот го погледнал лекарот со најтажниот поглед кој може да се замисли, и му одговорил: “Докторе, ако тоа е вашата последна препорака, тогаш за мене нема спас, нема лек. Јас сум Големиот Гарик.”

НА ВЕЛИГДЕН


А по осум дена учениците Негови пак беа собрани, и Тома со нив. Дојде Исус, кога вратата беше заклучена, застана помеѓу нив и рече: "Мир вам!"

Потоа му рече на Тома: "Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!"

Одговори Тома и Му рече: "Господи мој и Бог мој!"

Исус му рече: "Тома ти поверува оти Ме виде; блажени се оние кои не виделе, а поверувале."

И многу други чудеса изврши Исус пред учениците Свои, што не се запишани во оваа книга.

Исус со крстот

Последните 18 часа од престојот на земјава на Исус Христос највпечатливо се претставени во филмот на Мел Гибсон – The PASSION of the Christ

За крај, да внесам и љубов во текстов: Ламбе Алабаковски со песната на Џокси – На Велигден

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Можеби немаме доволно зборови за да покриеме некои нијанси на изразувањето во говорот, но затоа сме единствени кои имаме три збора за најубавата природна појава: виножито, ѕуница, божилак

виножито

САКАМ

Сакам кога твојот глас ми звучи како песна… сакам кога сите луѓе изгледаат како да се вљубени… сакам топло море… ја сакам оваа земја… сакам сладолед…

Еве нешто што сакам да слушам вечерва:


СЕЕДНО…

А сакав да му објаснам зошто сакам да не ми се јавува повеќе ако нема потреба од тоа, за да не му биде тешко, бидејќи мене ми стануваше обврска, иако немав ама баш никаква обврска спрема него. Ако ме најде – добро. Ако не ме најде – пак добро. Затоа што јас него не го барав.
И сакав да му речам "благодарам" за оние неколку убави моменти на кои сè уште се сеќавам, иако не знам до кога, но кога се јавив, му реков само дека не сакам повеќе да ме бара, и ништо друго. Тој ми рече дека ако јас така сакам – така и ќе биде. И така и беше. И сето тоа помина толку лесно и брзо, што дури ми падна страв дека не сме се разбрале.

А другарка ми ми рече дека не можело да му биде сеедно, а и мене не ми беше сеедно што нему може да му биде сеедно.

ТОВАРОТ НА МИНАТОТО

Еве еден мој мал придонес кон дискусијата за егото што се разврза кај Источна. Знам дека многумина го сметаат егото за гордост, но сепак не се едно исто. Егото си има своја патолошка димензија кога се претставува како гордост. Еве некои примери и размислувања.

light my life Многу нормални луѓе за да ја зголемат својата слика во туѓите очи споменуваат кого познаваат, кажуваат што можат и што постигнале, се фалат со она што го поседуваат и така натаму. Тоа е во рамките на нормалната гордост. Но, постојат луѓе кои од потребата да се биде “повеќе”, лажат, и голем дел од она што ви го кажуваат претставува лага, која ја создава егото за да се чувствува големо, посебно. Нивната грандиозна и пренадуена слика за себе понекогаш успева да ги прелаже другите, но не за долго. Ова не е во рамките на нормалната гордост.
light my life Менталната болест која се вика параноична шизофренија или накратко параноја, во суштина е претерано искажување гордост на егото. Обично се состои од фиктивни приказни кои ги создава егото за да се почувствува важно. Главниот елемент на приказната е верувањето дека одредени луѓе (понекогаш поголем број или речиси сите) коваат заговор против мене, или прават планови како да ме фатат и да ме убијат. Приказната обично има своја доследност и логика, и често другите луѓе можат да поверуваат во неа.
light my life Изјавата на Жан Пол Сартр: “Пеколот – тоа се другите луѓе”, е изјава на егото. Човекот кој пати од параноја го проживува најуверливо тој пекол. Колку егото во вас е посилно, поголема е веројатноста дека самите на себе сте си главниот извор на проблемите во вашиот живот. Уште поголема е веројатноста дека вие на другите им го отежнувате животот. Но се разбира, вие нема да бидете во состојба тоа да го сфатите. Секогаш ви се чини дека некој друг нешто прави против вас, а корените на оваа состојба се наоѓаат во товарот на минатото.
Од каде паранојата се поврзува со „негативната“ гордост, односно со егото? Колку повеќе на човекот му се чини дека е гонет, шпиуниран, загрозен, се засилува неговото чувство во кое себеси се гледа како центар околу кој сè се врти, и се чувствува посебен и важен, се чувствува како да е централна точка на внимание за многумина. Неговото доживување на себеси како жртва, како некој на кого сите му грешат, го тера да се чувствува и како потенцијален херој, кој ќе го спаси светот.

* * *

light my life Понекогаш и организациите или цели нации во својата основа имаат параноични системи на верување. Колективното его на племето, нацијата и религиските организации често содржи силен елемент на параноја: ние против лошите. Тоа предизвикало многу војни низ историјата, која претставува болни епизоди на екстремна колективна параноја. Насилството е примитивен, но многу познат начин на кој егото се обидува да докаже дека е во право, а дека другите грешат. Несвесните луѓе често своите расправии ги завршуваат со физичко насилство.
Што е тоа расправија? Кога двајца или повеќемина имаат ставови што се разликуваат. Кога ќе се случи тоа, секој пат кога ќе го браните својот став (своите мисли), вие сте вознемирени, лути, агресивни и во одбранбен став. Морате да победите по секоја цена, а победата е илузија.

* * *

light my life Неспособноста или неволноста на човечкиот ум да се ослободи од минатото, што доведува до опасни ситуации, прекрасно е илустрирана во приказната за двајцата зен монаси, Танзан и Екидо, кои оделе по селски каллив пат. Во близина на селото наишле на млада жена која се обидувала да го помине патот, но калта била толку длабока што ќе се уништело нејзиното свилено кимоно ако поминела. Танзан без размислување ја кренал и ја пренесол на другата страна.
Монасите продолжиле да одат во тишина. После пет часа, додека се приближувале до конаците, Екидо не можел да се возджи повеќе, па прашал: “Зошто ја пренесе онаа девојка преку патот? Ние монасите не би трбало да правиме такво нешто.”
“Девојката ја спуштив пред неколку часа”, му одговорил Танзан. “Зарем ти уште ја носиш?”
light my life

П.С. Некои дефиниции за егото се земени од книгите на Екарт Тол, Ајанла Ванзант и Сузан Форвард.

МАЈА

Брама бил осамен и му било досадно. Сакал да си игра, ама немал со кого. Ја создал Маја за да си игра со неа. Таа му рекла: „Добро, ајде да ја изиграме најубавата игра од сите.“ И му кажала како. Според нејзините зборови, Брама ја создал целата вселена – Сонцето, Месечината, ѕвездите, реките и долините на Земјата, а потоа и сите растенија и животни.

Тогаш Маја восхитена од илузорните убавини пред неа, побарала од него да создаде суштества кои ќе можат да се восхитуваат на сета таа убавина. Така Брама ги создал луѓето, и ја прашал Маја кога ќе започне играта.

Но, Маја во тој момент го грабнала Брама, го исекла на ситни парчиња, и во секој човек ставила по едно парче, а на Брама му рекла:

„Сега нека започне играта! Јас ќе создадам Сон, Илузија, и ќе направам да заборавиш кој си, а ти обидувај се да се разбудиш, да се пронајдеш.“

Брама сè уште се обидува да се пронајде себеси. Учењата кои доаѓаат од Индијците, Индијанците, од христијаните, од сите култури го зборуваат истото: божественото е во вас, треба само да му дозволите да се разбуди.

ИЗГОВОР

Дизраели рекол: „Никогаш не поканувајте го на вечера оној кој секогаш наоѓа изговори.“


Алистер Кроули дополнил: „Сите изговори се наменети за да сокријат лаги, неправди или срам. Не им верувајте на оправдувањата.“

ОДЕЊЕ ПО ВОДА

Ова е приказна за еден духовен учител и неговиот ученик од Индија. Ученикот восхитен од приказните за левитација и одење по вода, решил да ја научи таа техника. Заминал некаде и се вратил по 40 години кај учителот, одејќи по водата на реката Ганг.
Целиот восхитен на својот успех, викнал: „Учителе, јас одам по водата, сега можам да ја преминам реката Ганг!“
Учителот бил еден од оние со незгоден карактер, па одговорил: „Ти си најголемиот будала што сум го сретнал! Четириесет години потроши за тоа одење по вода? Па твоите соседи ја преминуваат реката Ганг секојдневно! За дваесет центи, со сплав!“


Наравоучение: Не троши залудно време и енергија на сè и сешто.

ЗАГОВОР, ХУМАНОСТ или…?

Јас го ставам овој пост под категорија `филозофија` бидејќи е `филозофија` на живеењето. Обидите за светски заговори, како што ги викаме популарно, или за заговор на одредена група на луѓе врз поголем дел од популацијата на одредена држава или одреден дел од земјинава топка, не се измислица на некои неуспешни индивидуи, кои својот неуспех си го правдаат со `сите се против мене`.
Кога станува збор за `сите се против мене`, тој што мисли така треба да се лечи (погледнете ги ликовите што ги објаснува Нено Богдан), а кога станува збор за `тие и тие ги измешаа прстите во ова и ова`, најчесто постои судир на интереси, но и два вида на резултат: успешно и неуспешно изведен заговор.
Во природа на луѓето им е да се групираат. Моќните се групираат во посебни организации, најчесто од таен карактер. Тајни редови. Денес ги има многу на број, но не се сите успешни на глобално ниво. Но, кога велам моќните, не мислам само на парајлиите. Моќни се оние кои знаат како да ги искористат предностите и моќта која ни ја дава универзумот. Парите си доаѓаат отпосле како природна последица. Смешно е да се помисли дека сè што намислиле и спровеле во дело, ама голем дел од поновата историја (за која знаеме) ја креирале по свој терк.
Потоа - тие тајни редови не се секогаш против сите, туку делуваат според тоа како го сфаќаат светот. А го сфаќаат многу поразлично од масата народ. За некои од нив не е грев да се жртвуваат голем број на луѓе за да се спроведе нешто во пракса.
И на крај овде спаѓаат и повеќето хумани `јавни организации`. Што е тоа
хуманост? Кои се тие хуманитарни групи? Тоа се луѓе на кои им е потребна вашата несреќа за тие да бидат среќни и исполнети. Какви ли се тие луѓе на кои им потребна туѓата несреќа за да се чувствуваат корисни? Тие не сакаат да ви понудат решение за вашата беда, сиромаштија, несреќа, што и да е, туку само ја одржуваат таа ситуација актуелна за да се чувствуваат убаво. Нивната дејност се коси со советот на човекот што беше распнат на крст: „Кога даваш со едната рака, другата да не знае што правиш.“ Ете, тоа е вистинска хуманост. Затоа, тој што се фали со својата хуманост – не е хуман, туку е себичен и зависен од туѓата несреќа.

ЖЕНАТА ОД МАЛАГА

Едноставно ги сакам и песната и филмот:
This is a Quentin Tarantino’s Kill Bill music video tribute with music from Robert Rodriguez’s band, Chingon:

Malaguena Salerosa

еве за што зборува песната:

„Колку убави очи имаш
под тие веѓи…
Сакаат да ме гледаат…
Жено од Малага
сакам да те бакнам
и да ти кажам дека си убава…
дека си убава и магична,
како невина роза…
Ако ме презираш
затоа што сум сиромашен
ќе ти кажам една вистина
не ти нудам богатство
ти го нудам моето срце…“



АНАТОМИЈА НА МОЌТА

„Моќта заедно со славата,
останува да биде највисока цел
и најголема награда за човештвото“

Бертранд Расел

Но, што е тоа моќ?

Џон Галбрајт, американски мислител, зборува за сличните, но различни употреби на зборот `моќ`:

  • премиерите и претседателите – ја имаат или ја немаат во доволно количество
  • политичарите – ја зголемуваат или ја губат
  • корпорациите и синдикатите – се моќни или опасно моќни
  • медиумите – имаат моќ
  • поединци имаат моќен глас

Но, што е тоа моќ?

Најзадоволувачката дефиниција ја кажал германскиот политиколог и социолог, Макс Вебер (1864 – 1920), а таа гласи: „Моќта е можност да се наметне својата волја врз однесувањето на другите лица.“

Она што е карактеристично за сите случаи на наметнување на својата волја и постигнување на покорност од другите, содржи употреба на физичка казна, ветување на парична награда, убедување и слично, вели Галбрајт. Кога се знае изворот на моќта, лесно е да се утврди која тактика е применета. Но, кој му дава право некому да владее, и зошто другите се доведуваат самите себеси во позиција на владеани? На ова ќе си одговорите откако ќе сфатите - што е тоа моќ.

power

НАУЧНИ ФАКТИ

„Науката е дејност која верувањата и идеите ги претвора во факти, а тоа го прави толку успешно што нејзините митови стануваат пореални и од вистинските факти“ – Питер Брос.

Што се тоа научни факти? Тоа се идеи и хипотези кои ги земаме здраво за готово. Научната заедница прифаќа хипотези како научни факти, а доказите треба отпосле да се наоѓаат. Затоа денес е преполна со хипотези кои се прифатени како научни факти, и такви ќе останат сè додека некој не ги побие. Се разбира дека кога како научен факт имаме куп идеи кои никогаш не биле докажани, бидејќи никаква методологија не може да ги докаже, отпосле е тешко да се побијат. Ако немате докази „ЗА“, ниеден доказ „ПРОТИВ“ не е доволен.

Во XIX век, најважна цел на науката станало да се одвои научниот свет од оние кои ја читаат Библијата. Двете најважни точки на борба биле: потеклото на човекот (и на видовите), како и библискиот потоп. Императив било – да се состави теорија по овие прашања која потполно ќе ја поништи веродостојноста на Библијата. Така без ниеден доказ „ЗА“ се прифатени двете најголеми „научни вистини“: Теоријата за видовите на Дарвин, и теоријата на Луис Агасиц за леденото доба.

puzzle

А нас, на денешните луѓе, во наследство ни останаа овие два мита. Како да не постои трета опција – вистината, каква и да е. Но бидејќи научната заедница еднаш ги прифатила, денес е тешко да се побијат. Било кој научник кој се обидел да ги побие овие теории, обвинет е дека се меша во области за кои не е компетентен. И така, денес научниот свет сè повеќе ни ја искривува сликата за предисторијата на човештвото. Точно дека никој не сака да се врати во времето кога науката морала да мине низ филтерот на верата, но ние создадовме научен систем кој ги штити импровизациите на одамна умрени луѓе кои живееле пред откривањето на атомот, електрицитетот, ДНК… со еден збор – луѓе кои помалку знаеле за стварноста од еден денешен средношколец.

ЗАРАТУСТРА

Деновиве се занимавав со читање за и околу Заратустра, па напишав и цела статија на македонската Википедија за него. Посебно интересни податоци ми се:

  • Заратустра учел дека Бог е Добар Творец (Ахура Мазда) на сè, на Сонцето, Месечината и ѕвездите, на духовното и материјалното, на луѓето и на ѕверките. Не е одговорен за злото меѓу луѓето, бидејќи злото доаѓа од духот на раздорот (Ангра Маинју), кој ги создал демоните, владее со пеколот и од почеток му се спротивставува на Бога. Според религијата на Заратустра, светот е бојно поле на кое се борат силите на доброто и злото.
  • Легендите велат дека Заратустра е единствениот човек кој не плачел при раѓањето, туку се смеел.
  • Во светите списи се вели дека неговиот ум емитирал толку силни бранови, што никој не можел да стави рака на неговата глава, а да не биде оттурната од невидливите бранови.
  • Исто така според преданијата, додека чекорел низ пустината, земјата се прераѓала под неговите нозе, и никнувале бројни цветови, а планината пеела, радосна заради неговото враќање.
  • За идеите на Заратустра до 18 век речиси ништо не се знаело, освен што се споменувало неговото име како мудрец и волшебник. Се споменува како „Сарастро“ во операта „Магична флејта“ на Моцарт, која е позната и како опера со масонски елементи.
  • Познато е делото на германскиот философ Фридрих Ниче „Така зборуваше Заратустра“ (1885), каде преку ликот на Заратустра ги изнесува своите сопствени идеи против моралноста.
  • Германскиот композитор Рихард Штраус, инспириран од делото на Ниче, својот Опус 30 го нарекол со истото име „Така зборуваше Заратустра“, а оваа тема е искористена како воведна во филмот на Стенли Кјубрик„Одисеја 2001“.

И така …

П.С. Еве и негова слика, Заратустра е лево со глобус во рака.

Заратустра

АЗРА

Се фатив себеси без инспирација за пишување. Дали е тоа така затоа што имам многу обврски овие денови (месеци, де), или навистина се ми е потаман, па немам за што да пишувам – навистина не ми се филозофира во моментов.

Ама она за што ми се филозофира е пораката на една песна. Хајнрих Хајне (Heinrich Heine) е името на поетот. Der Asra е оригиналот на песната. Стиховите на босански одат вака:

Kraj tanana sadrvana
gdje zubori voda ziva
setala se svakog dana
sultanova cerka mila

Svakog dana jedno robce
stajalo kraj sadrvana
Kako vrijeme prolazilo
robce bledje, bledje bilo

Jednog dana pitala ga
sultanova cerka mila
kazuj robce odakle si
iz plemena kojega si

Ja se zovem El Muhamed
iz plemena starih Azra
sto za ljubav zivot gubе
i umiru kada ljube.

Во оригинал:

Der Asra
by Heinrich Heine

Täglich ging die wunderschöne
Sultanstochter auf und nieder
Um die Abendzeit am Springbrunn,
Wo die weißen Wasser plätschern.

Täglich stand der junge Sklave
Um die Abendzeit am Springbrunn,
Wo die weißen Wasser plätschern;
Täglich ward er bleich und bleicher.

Eines Abends trat die Fürstin
Auf ihn zu mit raschen Worten:
“Deinen Namen will ich wissen,
Deine Heimat, deine Sippschaft!”

Und der Sklave sprach: “Ich heiße
Mohamet, ich bin aus Yemen,
Und mein Stamm sind jene Asra,
Welche sterben, wenn sie lieben.”

На англиски:

The Asra

Every day so lovely, shining,
up and down, the Sultan’s daughter
walked at evening by the water,
where the white fountain splashes.

Every day the young slave stood
by the water, in the evening,
where the white fountain splashes,
each day growing pale and paler.

Then the princess came one evening,
quickly speaking to him, softly,
‘Your true name – I wish to know it,
your true homeland and your nation.’

And the slave said, ‘I am called
Mahomet, I am from Yemen,
and my tribe, it is the Asra,
who die, when they love.’

Една вечер 4 часа филозофиравме со пријателите околу умирањето и љубовта, и начинот на кој Хајне ги поврзал. Не знам вие што мислите на темата.


2010

Ми предвидеа `астролозите` дека ќе треба повторно `да го извезам гобленот на вистината`… за мојот живот… за животот воопшто и за сè околу мене. Дезинформациите во кои жестоко сум верувала, ќе треба да бидат разоткриени и надминати. Што ќе биде тоа? Љубопитна сум пред време.

Е, сега, ми пролета низ глава онаа мудрост:

„САКАЊЕ – е глагол. Чувството да сакаш некого – е плод на глаголот кога се однесуваш според него.“

Арно ама, луѓето за чувствата судат според начинот на однесување, а јас за жал, не сум во состојба да се однесувам така кон некој кој што не се однесува исто кон мене… Дали најбезболна варијанта е да си `заминам` од животот на тие луѓе и да ги оставам да си го живеат својот живот, а јас мојот?

Хм… мудрости… Една од `мудростите` што ја слушнав во животов беше: „Направи си долг, па работите ќе се наместат така за да излезат парите за да си платиш.“ Неколку пати во животов сум ја послушала оваа мудрост… и сум се заебала!

П.С. Го сонував ноќеска Груевски, и како јас работев за него. Имав цела торба проблеми за решавање… Кој знае што беше тоа, ама јас дефинитивно се уверив дека ако визуелизираш погрешна работа – ќе направиш погрешна работа. Некои ова го викаат – потсвесно програмирање. Хе!

KAKО ПАЃА СНЕГОТ?

„Како паѓа снегот?“ – ме праша Џозеф. Никогаш не видел снег во живо. „Дали се тоа парчиња мраз, како од фрижидер, кои паѓаат од небото?“

Како паѓа снегот? Можам да ти зборувам со часови за снегот. Моето име е Снежана, го содржи зборот „снег“ во себе. Родена сум во една зимска ноќ, кога градот на конзулите бил натрупан со снег. Не е чудно што го сакам снегот, нели?

Како паѓа снегот? Паѓаат мали бели ѕвездички од небото. Во облаците се формираат, и никој не знае зошто се толку убави. Паѓаат полека, а ти можеш да дочекаш една снегулка на дланката. Имаш само неколку секунди да ја видиш нејзината форма, а потоа таа ќе се претвори во вода.

Како паѓа снегот? Кога врне снег, тоа е како дедо Боже да ни праќа милиони мали ѕвездички долу на земјата. Толку е прекрасно, што можам да ти зборувам со часови за тоа. сепак, најдобро е да видиш самиот еден ден.

snegulka

snegulka

ИНДИСКИ ОКЕАН

Долга бела песочна плажа. Влегувам во водата пред мене – Индиски Океан. Не ми е важно како се вика, солена вода, иста е секаде. Она што ми е важно е – зошто е валкана цели 100 метри од брегот? Зошто нема лежалки на плажата? Лежалките се зад ресторанот, крај базените. Чудно.

Приоѓаат млади и стари, луѓе кои живеат овде. Продаваат предмети, услуги, бараат пари. Но сите имаат иста љубопитност и желба за муабет: Од каде си? Ќе бидеш ли и утре на истава плажа? Како се викаш? (…) Од нив дознав дека водата е валкана поради дождовите, после два месеца кога ќе заврши сезоната на дождовите, водата ќе биде кристална, ми рекоа. Ми рекоа дека нема ајкули во близина на плажата бидејќи водата е топла за нив. Ги има, да, ама натаму се, во длабокото, онде (покажуваат правец со рака).

Влегувам во водата. Валкана или не, сакам да почувствувам солена вода на кожата. Индиски Океан. Сеедно како се вика.

СКИНХЕДСИ

Го прашав за Хитлер, ми одговори за скинхедсите. Рече има три групи скинхедси: едните се за враќање на монархот и кралското семејство, и тие се многу мал процент. На гласање излегуваат само за да нацртаат круна на гласачкото ливче. Мал процент се скинхедсите од левото крило (комунисти и анархисти), кои се препознаваат по црвените врвки на мартинките. Најбројни се десното крило, нео-нацистите, наредени со свастики. Сепак и тие се само 0,2 проценти од целото население.

Трите групи имаат свои поздрави, слушаат своја музика. Никој во Германија не ги сфаќа сериозно, освен медиумите кога немаат други вести, сепак желба на секој млад дечко е да им се придружи, но тоа е фаза која не трае повеќе од две години.

Рече дека скинхедсите никогаш не носат огнено оружје, речиси никогаш не носат ножеви, а се тепаат со тупаници и што ќе им се најде при рака. Кога се тепаат Германец со Германец, ги почитуваат уличните закони: без оружје, нема убивање, а тепачката завршува кога едниот ќе падне на земја. Потоа повикуваат брза помош. Друга еприказната кога се тепаат со странец, затоа што странците носат оружје, или барем ножеви.

Рече дека сам по сам сите се добри деца. Проблем е кога се во група, тогаш напаѓаат. Ако се најдеш меѓу нив, и ако осетат дека се плашиш – напаѓаат и без причина. Немој да ги поздравуваш со одреден поздрав ако не си сигурен на која група скинхедси си налетал. Ако ги поздравиш со крената рака (нацистичкиот поздрав), а си налетал на левите скинхедси – ќе ти ја скршат раката.

Рече дека полицијата речиси никогаш нема проблем со нео-нацистите. Ако треба да ги растера, му се обраќа на водачот, кој потоа дава наредба на останатите. Тие се со војнички менталитет, го слушаат водачот. Проблем има само со левите скинхедси – тие немаат водач.

На крај рече дека и тој како млад поминал низ фазата да биде дел од нив, само не кажа со која група скинхедси поминал две години од својот живот.

МАСАИ НАРОД

Племето Масаи е полу-номадски народ, верен на својата традиција. Ако во местото на живеење се случат големи несреќи, тие се селат од таму, дури и кога живеат во поголемите градови. Мажите Масаи се сметаат себеси за воини. Носат долго копје и долга коса што ја фарбаат црвена. На свечености, се мачкаат по лицето со црвени бои. Жените сосема спротивно од нив, ја бричат главата, и воопшто немаат коса. Мажите изработуваат накит од монистри и се китат со него. Во денешни времиња – го продаваат накитот на туристи во големите центри. Исто така од туристите наплаќаат ако бидат фотографирани. Не им е дозволен пристап во најголемиот број хотели и ресторани доколку се облечени во својата традиционална `облека`, освен ако имаат договорен настап како шоу. Останатите домородни племиња не ги сакаат луѓето од племето Масаи, ги сметаат за нецивилизирани, но за туристите најчесто се атракција.

* * *

Мал број од народот Масаи се школувани, и најчесто школуваните не остануваат во Масаи заедницата, туку си ја бараат среќата на друго место. Живеат во мали колиби, толку ниски што во нив не можеш да стоиш исправен. Најчесто се сточари, и главно јадење им е месото од закланите животни. Традиција е да ја пијат крвта на животното што го заклале, и традицијата налага мажите и жените да не јадат заедно. Жените не смеат дури ни да ја допрат храната која треба да ја јаде Масаи воинот, и единствено нешто што жената може да го направи за својот сопруг е да му свари чај. А чај пијат често, како замена за оброци, бидејќи јадат месо еднаш на неколку дена. Се смета за културно да го примат во колибата на спиење и јадење било кој Масаи патник, но само ако е на слична возраст како мажот што живее во таа колиба.

Масаи воин

Масаи воин

Натаму традицијата налага Масаи воинот да има многу деца, но не мора да се од иста жена. Кај нив преовладува полигамијата. Се женат според своите, а не според државните правила, и најчесто немаат никакви документи. Женските деца ги мажат рано, најчесто ги даваат како втора, трета или четврта жена на некој многу постар од неа Масаи воин. За мажите важи правилото – првото свое дете и го дава на својата мајка, кое треба да и служи како слуга (значи детето живее со својата баба, а не со својата мајка).

Сексот им е многу едноставен – нема бакнување, нема галење, нема допирање. Забрането е. (Се распрашував овде, ама никој не знае да го потврди тој податок, дознав само дека денес Масаи воините се познати како машки проститутки.) Исто така е забрането жената да го праша мажот каде бил, кога овој ќе се врати по неколку дена од некаде. Забрането е да му се лути или да го повиши тонот кога разговара со него. А кажав ли дека на девојката и го сечат клиторисот неколку дена пред свадбата?

Масаи жена

Масаи жена

ПРОПАГАНДА

Дечкото рече: Пропаганда е сè околу нас.

  • Во времињата кога кралевите беа кралеви, Луј XIV рече: „Државата, тоа сум јас.“ Но времињата се изменија.
  • Од осум насловни текстови во Њујорк Тајмс, половина од нив се пропаганда…
  • Нашите судови и мислења, навиките да купуваме нешто или да не купуваме, го одредува група на авторитети кои никогаш не сме ги сретнале…
  • Човек седи во канцеларија, размислувајќи што да купи на враќање дома, и си мисли дека самиот си донесува одлука. Всушност, неговата одлука ја креираат надворешни влијанија за кои не е свесен дека му ги креираат мислите.
  • Веројатно првата школа за пропагандисти е Колеџот за пропаганда во Рим, формиран од папата Урбан VIII во 1627 година, во кој се обучувале мисионери свештеници.
  • Финансиерот го отпушта директорот на банката кој штотуку се разведува. „Но, зошто? Што има врска мојот приватен живот со работењето на банката?“ – прашал директорот. „Ако не можеш да го менаџираш својот брак, како ќе можеш тоа да го направиш со туѓите пари?“ – рекол финансиерот.

Пропаганда

СУДБИНА

Постои ли судбина? Дали сè е „пишано“, или е наша одлука да избереме? Дали и одлуката што ќе ја донесеме е одредена однапред од некакви сили? Откако постои човекот се обидува да ја предвиди иднината. Ако постои судбина, иднината може да се предвиди, ако не постои – сè што ќе кажат „пророците“ е погрешно. Сепак, низ историјата пророците биле ценети. Посебен пример е пророкот од Провенса. Значи постои судбина?

Видовитите велат – некои точки од животниот пат се неменливи – мора да се случат, но повеќето не се, па имаме можност да делуваме по сопствен избор.

Астролозите велат – можат да се предвидат можностите, но дали ќе ги искористиме е наш избор.

И Чинг вели: „Закон на небото е да се испразни полното и да се наполни она што е празно; кога сонцето е во својот зенит, тоа мора, според законот на небото, да сврти кон заоѓање, а кога е во надир (најниската точка), се искрева кон ново изгрејсонце. Како послушност на истиот закон, месечината кога е полна почнува да се јаде, а кога е празна од светлина, нова месечина, се полни повторно. Овој небесен закон функционира во судбините на луѓето исто така. Тоа е закон на земјата да го преправи полното и да го дополни празното. Високите планини се лизгаат надолу поради водите, а долините се пополнуваат. Тоа е закон на судбината: да го поткопа она што е полно и да го расцвета она што е умерено.“

јин и јанг

Заклучок (мој се разбира): Судбината е непроменлив закон, кој мора да се исполни. Но човекот ја има моќта да ја вообличи својата судбина преку своето однесување со кое самиот себеси се изложува на влијанието на благонаклоните или на деструктивните сили. Кога човек има висока позиција, а е арогантен и нескромен, тој ќе падне од својата позиција; а оној што е на ниска позиција и се придржува до највисоките доблести, тој не може да биде одминат. Животот го докажува тоа…

И ЧОВЕКОТ Е ЖИВОТНО

За себе сакаме да мислиме како за паднати анѓели, а всушност сме исправени мајмуни.

Без разлика на тоа со што ја покриваме главата, насмевката на сите ни е иста.

Без разлика на сите можни различни ритуали на венчавање, сите исто се вљубуваме.

И покрај различната боја на кожата, на разликите во нашите верски убедувања и општествените норми, биолошки сме зачудувачки блиски едни на други.

Доколку се сомневате во ова тврдење, размислете за ова: денеска е познато дека 98,4 проценти од човечкиот генетски материјал се поклопува со генетската слика на едно шимпанзо. Значи, ако нашите гени се разликуваат за само 1,6 проценти од гените на еден глупав, подгрбавен, влакнест мајмун – на кој секогаш гледавме со презир и од висина – каква може да биде разликата меѓу нас луѓето, припадниците од ист вид?

А песнава нема врска со темата :)



Дезмонд Морис: „И човекот е животно“

ГОСПОД

Се обидуваа уште на времето да го објаснат, и Исус, и Буда, и Кришна, и Лао Це, ама кој да ги сфати… многу апстрактно им делува на луѓето и денес, а камоли тогаш.

И така, човекот го создаде Господ според својот лик.

Многу им се допадна таков: старец со бела коса и брада, кој лебди некаде над облаците и нè кара со прстето ако згрешиме… И токму овој грешен опис ги тера новите духовни учители да не го нарекуваат Господ кога зборуваат за него, туку Универзумот, Изворот на сè, Неименуваниот, Вечниот…

Дури сега имаме целосна збрка на поими, и не е чудно што повеќето се декларираат како атеисти, неверници, или со зборовите на Лао Це:

„Кога будалестиот ќе чуе за Господ, прснува од смеа.

Ако не постоеја такви што се смејат,

Господ немаше да биде она што е.“

КУЧЕ – репринт

Си рошкам низ блогов мој, читам постари постови, па не издржав еден репринт да направам. Постов е напишан на 17 април 2007, и се најде на насловната страница од тогашниот блогерај (сега немаме насловна со одбрани постови).

Си збориме со син ми за нашата куќа од соништата, па му викам дека ќе си купиме и куче.

И син ми прашува: “А какво куче да си купиме, мамо?”

По кратко размислување викам: “Шарпланинец.”

Син ми: “Какво е тоа куче, мамо?”

Ми текнува наеднаш описот: “Тоа е куче што личи на лав!”

Детулево по кратко размислување ми вика: “Мамо, а ние сепак да си купиме куче што личи на крава?”

ТАКА ЛИ?

Зен учителот Хакуин живеел во еден град во Јапонија. Бил високо почитуван и многумина го посетувале за да добијат од него духовни совети. Се случило што ќерката на неговите соседи, тинејџерка, забременила. Кога нејзините бесни и огорчени родители ја испрашувале за идентитетот на таткото на детето, таа на крајот им рекла дека тоа е Хакуин, зен учителот. Во силниот бес, родителите отрчале до Хакуин и со викање му рекле дека нивната ќерка признала дека е тој татко на нејзиното дете. Сè што тој им одговорил било: “Така ли?”
Скандалозните вести набрзо се прошириле низ градот и надвор од него. Учителот ја изгубил својата репутација. Тоа ни најмалку не го загрижило. Никој повеќе не му доаѓал во посета. Тој не реагирал. Кога се родило детето, родителите му го донесле бебето на Хакуин. “Ти си таткото, ти грижи се за него.” Учителот со многу љубов го чувал детето. После цела година, мајката на детето покајнички признала дека вистинскиот татко на детето е момчето кое работи во месарницата. Многу потресени, родителите отишле кај Хакуин да му се извинат и да бараат простување од него. “Навистина ни е жал. Дојдовме да си го земеме детето назад. Нашата ќерка призна дека не си ти таткото.” “Така ли?” било сè што им рекол тој, и им го предал детето.

Првиот пат откако ја прочитав оваа приказна, ми се врежа во меморијата, и секојпат кога имам можност, ја раскажувам на луѓето околу мене. Учителот на лажните обвинувања и на вистината, на лошите и на добрите вести одговара на ист начин: “Така ли?” Тој не е ничија жртва. Ако не се чувствува како жртва, не може ни да биде.

Замислете за момент како би реагирале вие во текот на различните фази на овој настан?

ДОВЕРБАТА ВО СЕБЕ…

Јин и јанг, машко и женско, темно и светло, горе и долу…

Светлината е знаењето, а каде што нема знаење владее мракот. Светлината е присуството на Бога, а танцувањето со темницата нè турка надолу по скалата на свесноста. Да се каже нешто , да се вети, а да не се спроведе тоа во дело, во најмала рака значи дека сте парализирани, или не сте ја кажале целата вистина. А од друга страна, не е убаво да барате од луѓето да го направат она што не можат да го направат. И добро знаеме што тој/таа може, гледајќи како се однесува низ животот.

Некогаш бараме помош. Тоа е многу подобро отколку да се правиме дека сè е во ред и не ни треба помош, или пак воопшто да не сме свесни дека ни треба. Барањето помош значи дека сфаќаме каде е проблемот, и не можеме самите да си помогнеме. Тоа е знак дека имаме волја да го средиме животот.

Но она што е најважно овде е довербата: довербата во себе, во Бога, во животот, во другите луѓе. Само кога си веруваме и на себеси и на другите, знаеме дека тркалото на среќата кога тогаш ќе го покаже нашето име и правецот на среќата и љубовта. Само тогаш чувствуваме дека животот е навистина сон, а ние сме сонувачот, и дека во секој момент само ако навистина посакаме, можеме да го смениме сценариото на сонот.


ЗА ДОВЕРБАТА…

Љубовта не е исто со сексуалноста, не е исто со поминувањето заедничко време или живеење заедно. Не е исто со “магијата”, “хемијата” или “електрицитетот”. Сите овие работи може да доведат до блискост, ама не се блискост. Љубовта е верување, доверба.

Имам еден драг човек кого некое лошо искуство го направило да не им верува на луѓето, некој му ја уништил способноста да верува. Кај него се појавува недоверба.

Психолозите велат дека во ваков случај можни се три начини на однесување на несвесно ниво. Иако изгледаат различни, заедничка им е недовербата.
Првиот е вистинска изолација; типично цинично зборување против љубовта и сексот, и злоупотреба на другите луѓе (свесно или не). Ефектот е: лутина и скршени срца. Овде има и луѓе кои потполно се повлекуваат од секаква блискост со другите и живеат во емотивен вакуум.
Вториот е површност. Овој човек може да живее раздвижено и да ја избегнува можноста да ја сподели со некого психолошката реалност. Парадоксот е што овој човек ќе личи дека е “безопасен”.
Третиот е драма без крај. Овде имаме човек кој е “несреќен во љубовта”. Овој човек сам си ги саботира врските.
Во сите овие случаи имаме пример на себе-заштита, вака или онака. Довербата не се развива. Нема трансформација – само болка.

Да појаснам: да се направи добар избор кому да му се верува е важно. Но откако ќе се најде вистинскиот човек, не треба да се уплашиме да го откриеме значењето на зборот – доверба. Спороста и трпеливоста се тука важни. За да се развие довербата, и двајцата партнери мора да си ги откријат здодевните страни, кризите, фобиите… целата човечност. Да се смееме заедно е голем дел од работата. Другиот дел е да сочувствуваме заедно во несреќата, дури и без објаснување.

Можеби и јас сум чудна, ама јас верувам во луѓето… И ете, кој за што – јас пак за довербата :)

ЗА ОЧЕКУВАЊАТА…

Дојдов до заклучок дека најголем проблем во врските создаваат очекувањата. Се имам фатено себеси кај што си велам: „Да знаев дека ќе биде толку кратко, само ќе уживав, немаше да се оптеретувам со очекувања и со инсистирање на моите права…“ Најверојатно затоа врските на почеток се убави – ниедниот не очекува сè уште ништо од другиот. И двајцата го покажуваат најубавото од себе – уживаат во присуството на другиот. Штом се појави очекување од било кој вид кај едниот, автоматски почнуваат недоразбирања и кавги.

А можно ли е со некого да планираш иднина (макар и неколку месеци или години) без никакви очекувања? Мора да е можно, само што јас не знам како…

КОМПЛЕКСЕН СОН

Прво гледав еден мал мост кој водеше кон некакви столбови и нешто египетско, како да имаше слика староегипетска, па знаев дека е египетско, тоа не ми текнува. Поминуваа некои по мостот, и ги пречекуваше еден што личеше на египетски лик од цртежите нивни – снажен маж. Во моментот кога гледав, поминуваше некој изнемоштен, едвај одеше, и како да мижеше, го носеа/му помагаа/ двајца, под мишки како да го придржуваа. И наредните што преминуваа и тие беа такви изнемоштени.

Интересен феномен: додека поминуваа преку мовчето (се движеа од десно кон лево), над него светкаше нешто како огномет – не многу високо, и не се слушаше она пукање на огномет, туку тишина, односно блага пријатна тишина, можеби и музика. A светките од огнометот даваа многу пријатна енергија, како оргазмична дури (и јас ја чувствував).

Сакав и јас да поминам, ама не стоев кај редот, не бев „на ред“. Стоев од страна, на местото каде што би требало река да поминува под мостот, а не од кај влезот на мостот, и ми се чинеше дека тие што поминуваа не беа свесни за убавината и енергијата на моментот.

Потоа се случи пресек, и се најдов како лежам во соба, а гледам кон ходник и мал дел од друга соба. Имаше многу луѓе, а едно дете го загледав што носеше маска со долг нос како Пинокио, и едвај поминуваше да не си го удри носот по ѕидовите кога се вртеше. Една жена во моментот дојде до мене, носеше колачиња, и остави едно во саксијата која беше до мене. Во земјата всушност го спушти. Јас сакав да речам нешто, да викнам, ама не успеав, и кога скокнав – сфатив дека телото ми е мртво, а тоа е мојата душа што ги гледа…

Толку

Малку се подисплашив: иако не сум „на ред“, сепак сум мртва? Што значи такво нешто?

п.с. Се разбарав по нет да најдам слична слика како таа со мостот, ама нема. Египетските средби на душите со `оној свет` се сосема поинакви, а Озирис ги пречекувал душите на мртвите, ама седнат на столица… не е тој од мојот сон :)

п.с. можеби ќе успеам да ја нацртам глетката од првиот дел, па ќе го ставам цртежот како илустрација, а дотогаш јин и јанг:

јин и јанг

БАЛИ

Си ја одбрав мојата наредна дестинација:

Бали е индонезиски остров лоциран на западниот крај од Мали Сундски Острови, и се наоѓа меѓу Јава на запад и Ломбок на исток. Ова е една од 33-те покраини, со главен град Денпасар на југот од островот.

Бали е населен од околу 2000 п.н.е. од Австронезискиот народ кој мигрирал од Тајван преку југоисточна Азија. Културолошки и лингвистички Бали народот е тесно поврзан со народот од Индонезискиот архипелаг, Филипините и Океанија. Камените алатки кои датираат од тој период се најдени блиску до селото Цекик на западниот дел од островот.

Културата во Бали е под силно влијание на Индија и Кина, и посебно на Хинду културата од почетокот на 1 век од нашата ера. Денес има 3.891.428 жители.

Цените за двокреветна соба (нормалните, де) во просек се околу 60 долари од ноќевање со појадок.

А ако решите да се венчате, дури и како потврда на љубовта и венчалниот документ кој веќе го имате со својот сопружник, луѓето на Бали ќе ви приредат настан кој нема да го заборавите без разлика каква церемонија ќе одберете.

БУНАР

Градот може да се измени, но бунарот не може да се премести. Стилот на архитектурата се менувал низ вековите, но обликот на бунарот останал ист од древни времиња до денес. Затоа во стара Кина, бунарот се сметал за симбол на животот. Политичките структури се менуваат, како и нациите, но животот на човекот со неговите потреби останува вечно ист – ова не може да се измени. Генерации доаѓаат и си одат, и сите уживаат во животот. И секое човечко суштество може да црпи според своето образование од неисцрпниот извор на божественото во својата природа.

Или со зборовите на „Малиот принц“ додека пие од бунарот среде пустината:
„Жеден сум за оваа вода, дај ми да се напијам“ – и тој пиеше со затворени очи. Таа вода беше нешто сосема поинакво од храната. Таа вода беше родена од одот по ѕвездите, од напорот на моите раце. Таа беше добра за срцето како подарок. Очите се слепи, само со срцето добро се гледа.

ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ

Демократски избори? Тие се потполна илузија!
Пред изборите меѓу себе борбата ја водат помошниците на кандидатите, нивните штабови составени од психолози и политиколози. Се трошат огромни пари, се користи психолошкото влијание преку средствата за јавно информирање.

Совршено е очигледен фактот дека победува штабот на оној политичар кој извршил најневидлива сугестија врз народот. Потоа луѓето под влијание на таа сугестија, одат и гласаат. Мислат дека гласаат по сопствена желба. А всушност исполнуваат нечија волја.

Затоа современата демократија е илузија за масата народ. Целата работа е во тоа што никогаш не постоело владеење на мнозинството. Човечкото општество секогаш било управувано од малцинство.

(Позајмено од шестата книга на Владимир Мегре)

НА СОНОТ МУ ВЕТИВ СТВАРНОСТ…

… го излажав…

Знаеш, сега барам каде повторно

да си ја изгубам вербата.

Интересно е.

Ќе си ја изгубам денес,

утре ќе ми ја вратат.

Нека преноќи некаде,

нема да биде лошо.

После тоа работите полесно се средуваат.

КАБАЛА – мудрости

Улогата на жената во одржување на добра врска:
Но како може жената да ја сфати машката природа? Сепак, мажите и жените се толку различни. Жената може да ја покаже својата благодарност кон својот маж, давајќи му на знаење дека тој е посебен за неа, дека тој е голем – и ова да го прави често! Тогаш таа ќе сфати што бара тој од неа, и каков вид на поврзаност треба да има меѓу нив. Таа ќе увиди дека на мажот му треба мајчинска нега, пофалба и восхит. И покрај тоа што е маж, голем и „мачо”, мажот всушност има голема потреба од симпатија.

И ако жената му го даде ова нему, тој нема да биде во можност да ја остави неа. Всушност, ова е слично на начинот на кој жената се однесува кон дете, и ова може да ја разбуди кај него желбата да стане поголем на позитивен начин, побрзо отколку на заповеднички, негативен начин.

* * * *

Што е љубовта:

Ако мислите дека ќе ја најдете љубовта од приказните и тоа ќе ве направи среќни, размислете пак. Таквата љубов не е вистинска љубов, туку користење на другите за себезадоволување. Она што обично го викаме љубов е егоистично задоволување на една личност од страна на друга, без оглед дали е сексуално задоволство или било кој друг вид исполнување што го добиваме од другиот. И јасно е, тоа не е љубов. Дури и кога им даваме нешто на другите, го правиме тоа само затоа што нам ни дава задоволство. Нашето давање е бесмислено бидејќи она што навистина ни е важно додека го вршиме е како ние се чувствуваме. Што е тогаш љубов? Вистинска љубов постои само во духовниот свет, на духовно ниво. И она што е важно се желбите на душата.

* * * *

Приказната за Адам и Ева денес:

Да си претпоставиме среќен, заљубен пар. Тие се гушкаат, се бакнуваат и се смеат заедно, одат во кино и на плажа. Се венчаат и почнуваат заеднички живот, и сè е прекрасно! Тие се во рајската градина.

И одненадеш – доаѓа змијата (егото ). Тие одеднаш почнуваат да се караат. Потоа почнуваат да се искористуваат еден со друг и да прават приватни пресметки, калкулации. Тоа ни се случува бидејќи нас змијата (егото кое е внатре во нас) нè спречува да бидеме во состојба да сакаме некој друг, и нè уверува дека нашата љубов е егоистична од почеток.

За да го направиме тоа како што треба, двајцата партнери треба да разберат дека постои цел во нивните животи кои се над овој свет. Тогаш тие исто така ќе сфатат дека тоа може да го достигнат единствено со животниот партнер, некој кој ќе оди заедно со нив по духовниот пат. Тогаш, наместо да се искористуваат еден со друг, Адам и Ева ќе се комплетираат еден со друг. И змијата наместо да ги раздвојува ќе стане водечка сила која ќе ги тера да ја откријат Вишата Сила, Боженственото Присуство или Створителот.

п.с. Можеби има нешто во сите овие мудрости, ми дојде пријатно на душата кога ги читав…

If You Meet the Buddha On The Road, Kill Him! – книга

„Ако го сретнеш Буда на патот, убиј го!“ – е насловот на една книга од која најдов само делови на интернет, и ми се допаднаа. Неколку извадоци:

Човек тргнува во потрага по Вистината, по духовно просветлување, по гуру чиј ученик ќе стане самиот тој. Човекот/ ученикот му пристапува на духовниот учител со барање: „Мојот свет се скрши. Поправи го.“ И од него очекува да му каже што и како треба да направи за да биде среќен, и како да го живее својот живот, но да не биде одговорен за своите постапки.

Но, со време сфаќа само дека никој не може да го подучи за Вистината… Тајната е дека не постои тајна, а списокот на вечните вистини сите го носиме во себе:

  • Ништо не трае вечно.
  • Не можеш да го добиеш, ако не го побараш.
  • Светот не е праведен или неправеден, туку одржува баланс.
  • Во суштина, ништо не контролираш самиот.
  • Не можеш да натераш некој да те сака.
  • Не постојат големи луѓе.
  • Ако пред себе имаш херој, погледни подобро – мора да си се потценил себеси.
  • Напредокот е илузија.
  • Слободен си да правиш што сакаш, треба само да се соочиш со последиците.

ВРЗУВАЊЕ ВРВКИ

Силата што управува со нашата судбина се наоѓа надвор од нас, и нема никаква врска со нашите постапки и со нашата волја. Понекогаш таа сила ќе нè натера да затстанеме при прошетка во природа и да ги врзиме врвките од патиките, и со тоа ќе нè спаси од сигурна смрт. Ако продолжевме, врз нас ќе паднеше огромна карпа откината од околниот предел покрај кој требаше да поминеме.

Но, некој друг ден, во некој друг предел, таа иста сила ќе нè натера повторно да застанеме и да си ги врзиме врвките од патиките, а карпата овој пат ќе ни падне врз главата и ќе нè убие. Да не застаневме, овој пат ќе се спасевме.

Со оглед дека никако не можеме да управуваме со силите кои решаваат за нашата судбина, единствената слободна волја која можеме да ја покажеме низ животот е во тоа да си ги врзуваме врвките од патиките олабавено и весело во моментот кога силата ќе нè застане, што и да треба тоа да ни донесе.

„ОВДЕ“

Во периоди како месецов кога ми се патува, а не можам да го исполнам тоа, секогаш ми текнува на мудрата мисла речена од некого:

„Каде и да појдеш, за тебе секогаш ќе биде `ОВДЕ`.“


ЗА ОДМАЗДАТА…

Војна – судир на две ега (или повеќе). Крвава или вербална, војната ги обзема оние што се вклучени во неа. Но, војната е творба на умот и како таква е илузија. Сепак…

Одмазда – тоа е кога сметките ќе се израмнат. Најчесто се враќа повеќе отколку што било сторено, а многумина сметаат дека тоа е нормално, тој некој си го добил она што го заслужил. Има многу умни реченици посветени на одмаздата, а мене најдрага ми е: „Одмаздата е јадење што се служи ладно.“

Внатрешен мир – спротивно од војна и одмазда. Нешто што нè тера да си продолжиме со животот без лоша енергија.

Филм базиран врз идеја за одмазда – `Kill Bill` („Да се убие Бил“) на Квентин Тарантино. Борбите прикажани во филмот се граничат со фантастичното, а додека гледаме, ние навиваме за девојката која се одмаздува. Има нешто во нас луѓето што нè тера да навиваме за правдата, макар и да е крваво спроведена…

РАЗБУДИ СЕ

„Најдобриот начин да ги оствариш своите соништа е -

- да се РАЗБУДИШ!“

(францускиот поет, Пол Валери)

ПИСМАТА НА ТЕОФИЛАКТ

Пред неколку дена, барав некои податоци за животот во Охрид од 9 век до 12 век, и каде да барам ако не во писмата што ги пишувал Гркот архиепископ во Охридската архиепископија – Теофилакт Хефестос (Ифест), наречен Охридски. Најдов што си барав, ама најдов и две нешта што не сум ги знаела претходно:

1. Дека Теофилакт во Охрид го дочекале со пеење на „борбени победоносни песни“, од кои овој толку се уплашил, што побарал веднаш да го вратат во Цариград. Не спомнал ништо повеќе за песните. Штета. А можел да го запише текстот, ако не и нотите. :)

2. Крстоносците кои минувале низ нашите краишта одејќи за првиот свој поход, запалиле цело едно село. Ова не е од Теофилакт, туку од монахот Роберт, кој го опишувал патот на крстоносците на Боемунд Тарентски низ Македонија (1096 година). Меѓу другото соопштил дека тие

„Откако тргнале од Касторија (Костур) дошле до Пелагонија, каде имало некаква тврдина на еретици, којашто ја нападнале од сите страни. Ја опсипале со стрели од сите страни и брзо ја зазеле. Го однеле од таму сиот имот и ја изгореле (населбата) заедно со нејзините жители. Тоа ги снашло наполно заслужено, бидејќи биле еретици (богомили, веројатно).“

За палењето на „населбата која била изградена среде некакво езеро“ пишале и Петар Тудебод, Вилхелм Тирски, и други анонимни автори, сите учесници во Првиот крстоносен поход.

Муабетот ми е – да се уплаши толку од песните? Бесценето би било да можеме да ги чуеме денес. А за крстоносците – се тераат муабети дека само против муслиманите се бореле, и дека по пат биле примерни. Ете колку биле примерни…

ОСТАРЕВ

И сабајлево уште ги слушам песните на Ориѓански што ги пее Каролина. Елегичната нишка во нив ме тера да мислам на животот, на годините. Остарев. И сè повеќе размислувам повторно за смислата на живеењето. Велам повторно, затоа што ова беше актуелно кога го осознавав животот, во пубертетските години и неколкуте наредни. И сè повеќе не сум сигурна дека „наречниците“ знаеле зошто ми `посакуваат` токму ваков живот.

Животот нè води низ Сцили и Харибди. Умните велат: „За да научиме како да станеме подобри.“ Почнав да се сомневам во ова. Плановите на Големиот Архитект едноставно не ги знаеме. Никогаш не ни биле дадени на увид, а може и ќе ги сфатевме, кој знае. А сите обиди да се проникне во тајните, смислата и целта на „планерите“, завршувале со: „Па ти не можеш да ја измериш тежината на огнот, не можеш да го вратиш вчерашниот ден, зошто тогаш мислиш дека ќе ги разбереш плановите и идеите кои стојат високо над твоето поимање?“

И така се замолкнувани човечките желби и обиди да учествуваат поподготвено во креацијата наречена – Универзум. А ние се вртиме во круг: Која е суштината на живеењето? И кому му е потребно ова искуство?

Хм. Остарев, знам. Затоа се враќам на темата: „А што е животот, воопшто?“

КАДЕ ОДИШ ГОСПОДЕ?

Реалноста си ја толкуваме како што умееме. Ни фали поголемата слика. Ни фали сликата на шума, ги гледаме само дрвјата. Или информациите не ги процесираме реално. Ги пуштаме низ призмата на сираче-дете, оставено, напуштено. Духовниците би рекле – светот го гледаме низ призмата на егото, но егото не е секогаш проблем. Проблем се информациите, лажни, извртени, или огромен недостаток од нив.

Ако не можеме да го прифатиме она што постои во надворешниот свет, таму некаде надвор, тогаш ни останува само да ја прифатиме сопствената реалност. Кога болката е длабока, бегството се чини единствен спас. Но не е. Нема каде да се избега, нема излез.

Духовност. Му годи на егото: тоа е нешто што е модерно да се прави или да се има. И ете уште една замка, сопка на патот до себеси. Оставаме ли нешто или некого во име на лажната духовност? Велам, лажната, бидејќи вистинската духовност не остава никого и ништо, а сепак ништо не поседува и не задржува. Она што не е добро за нас, самото отпаѓа, што и да е (луѓе, предмети, ситуации).

„Каде одиш Господе?“ - го праша Петар духот на Исус.

Да ги спасам оние кои ти ги оставаш.“